033 271 178
033 272 479

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

Зачленување во библиотеката можат да остварат сите граѓани на Република Македонија и странски државјани. Секој возрасен корисник се запишува лично со приложување на лична карта, а странски државјанин со приложување на пасош. Со запишувањето, истите се здобиваат со членска карта која важи една година од денот на запишувањето, а при тоа корисникот се стекнува со право за користење на сите фондови и услуги кои ги нуди библиотеката. Членската карта и позајмениот библиотечен материјал не се позајмува на друго лице.

Членството се остварува индивидуално. Висината на членарината е 150 денари и за деца и за возрасни. Загубена или оштетена членска карта може да се замени со друга, доколку членот е веќе евидентиран во запишани членови.

Според утврдените норми во библиотеката се остварува безплатно членство за следниве категории на корисници:

  • -  Ученици во прво одделение од сите основни училишта во општина Кочани;
  • -  Корисници на социјална парична помош
  • -  Лица со посебни потреби.

Корисникот може да позајми една книга, чиј рок на користење е 10 дена. Редовноста кај читателот и бројот на прочитани книги во една година, е еден од критериумите при изборот за наградување на најдобрите читатели за измината година во категориите на возрасни и деца.

Работно време:

  • -  од понеделник до петок од 8,00 до 19,00 часот
  • -  во сабота од 9,00 до 13,00 часот

Ќе имате можност да се запознаете со сите потребни информации за најнови и најчитани наслови од светските и домашните автори, за настаните во библиотеката, за членарината, а се разбира и да поставите некое прашање на кое нашиот тим од стручни лица ќе ви одговори, вклучувајќи ги тука и вашите предлози.

ЗА БИБЛИОТЕКАТА

Добредојдовте на официјалната веб страница на градската библиотека „Искра“ - Кочани. Тука ќе можете да се запознаете со работата на библиотеката и со сѐ што таа им нуди на своите читатели. Ќе имате можност да се запознаете со сите потребни информации.

КОНТАКТ