Зачленување стани дел од семејството
Зачленување во библиотеката можат да остварат сите граѓани на Република Македонија и странски државјани. Секој возрасен корисник се запишува лично со приложување на лична карта, а странски државјанин со приложување на пасош. Со запишувањето, истите се здобиваат со членска карта која важи една година од денот на запишувањето, а при тоа корисникот се стекнува со право за користење на сите фондови и услуги кои ги нуди библиотеката. Членската карта и позајмениот библиотечен материјал не се позајмува на друго лице.
Членството се остварува индивидуално. Висината на членарината е 150 денари и за деца и за возрасни. Загубена или оштетена членска карта може да се замени со друга, доколку членот е веќе евидентиран во запишани членови.
Според утврдените норми во библиотеката се остварува безплатно членство за следниве категории на корисници:
- – Ученици во прво одделение од сите основни училишта во општина Кочани;
- – Корисници на социјална парична помош
- – Лица со посебни потреби.
Корисникот може да позајми една книга, чиј рок на користење е 10 дена. Редовноста кај читателот и бројот на прочитани книги во една година, е еден од критериумите при изборот за наградување на најдобрите читатели за измината година во категориите на возрасни и деца.
Работно време:
- Понеделник до Петок – од 8:00 до 19:00 часот
- Сабота – од 9:00 до 13:00 часот
- Недела – неработен ден.
Ќе имате можност да се запознаете со сите потребни информации за најнови и најчитани наслови од светските и домашните автори, за настаните во библиотеката, за членарината, а се разбира и да поставите некое прашање на кое нашиот тим од стручни лица ќе ви одговори, вклучувајќи ги тука и вашите предлози.