Skip to content

Услуги кои ги нуди Библиотека Искра

1. Електронско пребарување на COBISS/OPAC – Виртуелна библиотека на Македонија, пристап до информациите до повеќе од 40 библиотеки во Македонија. Со вклучување во Cobiss.mk системот Вие имате увид во библиотечниот фонд на мрежата библиотеки во Македонија во кои е и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

Постапката е следна:

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи;
  • Избор на бараната библиотека, на пр. ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани

2. Користење на библиотечните фондови:

  1. Фонд за возрасни
  2. Детски фонд
  3. Периодични публикации: весници, списанија, годишници, билтени и алманаси
  4. Роднокраен фонд
  5. Стручна литература од различни области
  6. Фонд на уметнички публикации евидентирани во Оддел за заштита и презентација на спомениците на културата
  7. Прирачен фонд (енциклопеции, лексикони, речници и стручни прирачници)
  8. Американска литература (фонд подарен од Конгресна Библиотека од USA)
  9. Најстарите печатени и ретки книги во нашата библиотека – (I дел ги опфаќа годините 1871-1918 и II дел од 1919-1944 година)
  10. Детска литература и едукативни помагала во Детското катче, адаптиран простор збогатен со уметничка литература, едукативен материјал наменет за најмладите
  11. Монографски фонд во Подрачната библиотека во населба Оризари.

3. Интернет услуги

Во нашата Библиотека располагаме со компјутерски простор наменет за користење на Интернет. Користењето на Интернетот е безплатно. s

2. Користење на библиотечните фондови:

Библиотеката „Искра“ во соработка со другите национални и јавни библиотеки во нашата држава овозможува позајмување на библиотечен материјал од нивните фондови кои се достапни за позајмување. Поштенските трошоци ги покрива корисникот, а периодот на користење 30 дена.

Резервација на книги

4. Меѓубиблиотечно позајмување

Библиотеката „Искра“ во соработка со другите национални и јавни библиотеки во нашата држава овозможува позајмување на библиотечен материјал од нивните фондови кои се достапни за позајмување. Поштенските трошоци ги покрива корисникот, а периодот на користење 30 дена.

5. Оптимални просторни услови за реализација на едукативни средби, часови и предавања во просториите на библиотеката

6. Препорачани страни за деца:

  • childrensembassy.org.mk – Конвенција за правата на децата и СОС линија
  • International childrens digital library – Меѓународна детска дигитална библиотека содржи дела од земјите од целиот свет. Овозможува безплатно читање книги од разни земји од целиот свет. Книгите можат да се бираат по разни категории.
  • artforkidshub.com – Запознавање со техниките за цртање, боење, изработување скулптури заедно со Вашите деца
  • crisp.org.mk – Безбедно на интернет, информации и едукација за поголема безбедност и заштита на правата и приватноста на корисниците на интернет
  • britishcouncil.mk – На страницата се нудат безплатни материјали за учење и усовршување на англискиот јазик за сите возрасти.
  • Internet picture dictionary- сликовен речник на англиски, француски, германски, шпански и др.јазик

Работно време:

  • Понеделник до Петок – од 8:00 до 19:00 часот
  • Сабота – од 9:00 до 13:00 часот
  • Недела – неработен ден. 

Почитувани корисници,

Ве молиме за разбирање доколку податоците од електронскиот каталог не одговараат на фактичката состојба во библиотечниот фонд. Се работи на нивно отстранување.

Повеќе Информации на следниве линкови

Бидете во тек 

Пријавете се да ги добивате најновите настани и пристигнати книги.

Библиотека Искра