Skip to content

За Нас информации за Библиотека Искра

ЈОУ Библиотека „Искра“

своите почетоци ги има во далечната 1941 година за кога се знае дека било започнато со активностите за формирање на Градско читалиште на кое еден од иницијаторите за неговото формирање, Славко Митев, му го дал името „Искра“. Полното име кое стоело на зградата каде што започнало да работи читалиштето било „Народно читалиште Искра“. Тоа тогаш имало скромен фонд од околу 500 книги и 70-тина членови. Како такво, читалиштето опстојало за време на Втората светска војна, сѐ до 1945 година, до ослободувањето, кога прераснува во Градска библиотека под истото име, „Искра“, а така е и до денес.

about-us-history

За период од повеќе од 70 години постоење, ЈОУБ „Искра“ својата локација ја менува повеќе пати, како во приватни куќи, исто така и во општествени згради. Во 1989 година библиотеката се сели во зградата на некогашната Пошта што, всушност, е местото каде се наоѓала куќата во која и е формирано читалиштете „Искра“. Овде таа се наоѓа и денес и располага со простор од околу 450 м² (депоа за монографски и периодични публикации, две читални за корисниците на монографскиот фонд и една за периодика, потоа позајмно одделение, простор за сите останати оддели во библиотеката).

Во текот на своето долгогодишно постоење во „Искра“ работеле голем број луѓе, бројката во различни периоди била различна, а денес таа е вкупно 9 вработени и еден волонтер во подрачната библиотека во населбата „Оризари“.

Бројот на библиотечни единици од фондот на монографски, периодични и друг вид библиотечни публикации е голем, тој секојдневно се надополнува со најновите изданија од издавачката продукција и речиси е доволен да ги задоволи потребите на корисниците на библиотечните услуги, чиј пак број, од година во година е сѐ поголем, и покрај брзиот развој на напредната електронска технологија.

Ова значи дека љубители на вистинската пишана книга, на наше огромно задоволство, секогаш постоеле, постојат денес, а веројатно ќе постојат и понатаму, оние кои уживаат да ја почувствуваат хартијата меѓу своите прсти и кои нам, на библиотечните работници, секојдневно ни даваат стимул за поквалитетно опстојување и работење.

Откријте ја магијата на пишаниот збор

Влезете во магичниот свет на книгите заедно со нас, нашиот тим ви стои на располагање да ви помогне да го најдете најсоодветниот наслов за Вас. Повелете посетете не и дозволете да ви го покажеме светот на книгите.  

Организација

Книжен Фонд

Библиотеката располага со околу 600 000 библиотечни единици од различни научни области и на повеќе јазици.

Публикациите се во книжна форма и дигитален запис (компакт диск и сл.).

Во фондот спаѓаат:

  • Книги (монографски публикации)
  • Сериски публикации (весници, списанија, годишници, зборници, билтени);
  • Дробен печат (плакати, рекламен материјал, адресари…);
  • Некнижен фонд.

Публикациите се сместени во магацини.

Пребарувањето на фондот се врши преку автоматизираниот каталог – OPAC

Библиотеката од 1989 година има на располагање достапен каталог за своите фондови со подршка на софтверскиот пакет COBISS.

Во каталогот моментално се достапни за пребарување 500 000 библиотечни единици и тоа: книги, наслови сериски публикации, статии од македонски сериски публикации и др.

Можни се пребарувања по повеќе параметри: автор, наслов, година на издавање, УДК индекс, предметна определница, клучен збор, ISBN, ISSN, јазик на документот како и комбинација од повеќе начини.

Можно е пребарување и на фондот во взаемна база во која се вклучени поголемиот дел од библиотеките во Р. Македонија.

Повеќе Информации на следниве линкови

Бидете во тек 

Пријавете се да ги добивате најновите настани и пристигнати книги.

Библиотека Искра