Одбележан 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Денеска во ЈОУ Библиотека ,,Искра” Кочани се одбележа 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост , со вториот дел на содржина од проектот,,Збогатување на библиотечно катче со аудио и Брајови книги”, со делење на бележници за книга на посетителите читатели, а со цел за подигнување на свесноста и изразување на разбирање и почит кон сите лица со посебни потреби.