Skip to content
406121945_7054881971267288_1747135494830657942_n
Offline

Меѓународен ден на лицата со попреченост

Библиотека Искра
Ученици од ООУ "Раде Кратовче" и ООУ "Кирил и Методиј"
Библиотека Искра
Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот, од образовен, социјален,економски, културен иполитички. Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза и др.
Сите ние, треба да дадеме свој придонес во прифаќањето на сите околу нас, бидејќи сите сме еднакви под ова сонце. Да се смени стереотипното однесување, да се намалат стигмите кон луѓето со попреченост и да се крене свеста за интелектуалната попреченост.

Бидете во тек 

Пријавете се да ги добивате најновите настани и пристигнати книги.