Skip to content

Зачленување стани дел од семејството

ЈОУ Библиотека „Искра“ започна со реализација на електронска евиденција на членовите и електронси начин на позајмување на библиотечниот фонд.

Зачленување во библиотеката можат да го остварат сите граѓани на Република Северна Македонија и странски државјани. При зачленувањето секој возрасен член се запишува лично со приложување на лична карта и пополнува „Изјава за зачленување“. Малолетните корисници пополнуваат изјава со податоците на родител/старател, потпишана од истиот. Странски државјанин со приложување на пасош. Со запишувањето, членовите се здобиваат со членска карта која важи една година од денот на запишувањето, а при тоа корисникот се стекнува со право за користење на сите фондови и услуги кои ги нуди библиотеката.

  • Годишна членарина за возрасни – 200 денари.
  • Годишна членарина за деца – 200 денари.
  • Семејна чланарина:
    • за двајца – 300 ден.
    • за тројца – 450 ден.

Правила за читателот

  1. Книгата може да се подигне само со членска карта.
  2. Можат да се подигнат 2 книги со рок на враќање од 14 дена.
  3. На барање на корисникот овој рок може да се продолжи уште 14 дена , доколку книгата не е резервирана.
  4. Во случај на задоцнување се наплаќа задоцнина поединечно за секоја книга 5,00 денари од ден.
  5. За изгубена членска карта се плаќа 50,00 ден..

Напомена – членската карта може да ја користи само носителот на кого гласи и истата има важност 1 (една) година од денот на зачленувањето.

Библиотечниот материјал од Роднокрајниот оддел и Стручната литература се користи единствено во просториите на библиотеката.
Корисникот е должен да ги почитува правилата на библиотеката.

Според утврдените норми во библиотеката се остварува бесплатно членство за следниве категории на корисници:

  • Ученици во прво одделение од сите основни училишта во општина Кочани;
  • Корисници на социјална парична помош;
  • Лица со посебни потреби.

Работно време:

  • Понеделник до Петок – од  07:00 до 18:00 часот
  • Сабота – неработен ден. 
  • Недела – неработен ден. 

Ќе имате можност да се запознаете со сите потребни информации за најнови и најчитани наслови од светските и домашните автори, за настаните во библиотеката, за членарината, а се разбира и да поставите некое прашање на кое нашиот тим од стручни лица ќе ви одговори, вклучувајќи ги тука и вашите предлози.

Бидете во тек 

Пријавете се да ги добивате најновите настани и пристигнати книги.