Настани не пропуштајте

Шест децении од формирањето на Литературниот клуб „Копнеж“ при ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
Почитувани,Членови, раководители, претседатели, вработени во ЈОУ Библиотека „Искра“, сите поддржувачи, помагатели и сограѓани кои го почитуваат трудот и активностите на ЛК „Копнеж“, со особена чест и задоволство ја најавуваме промоцијата на Монографијата „60 години ЛК Копнеж“, која ќе се одржи на 7 февруари 2025 година, петок во 12 часот.Со издавањето на монографијата ја одбележуваме шеесетгодишнината […]

18. Саем на книга
Во Месецот на книгата традиционално, 18. Саем на книга.
Отварање на Саемот на 4 ноември, 2024 г. во 12,00 часот.
Саемот ќе биде отворен од 4 до 9 ноември, од 10:00 до 18:00 часот.
Повелете, голем избор на книги од повеќе издавачки куќи.
Ве очекуваме.
Книгата е секогаш во мода.

Промоција на книга “Радоста на постоењето”
Вистинските промени започнуваат оттука-човек со стекната свест за својот живот ја има моќта да го промени светот. Почитувани, повелете на промоцијата на книгата Радоста на постоењето од авторката Симона Петреска-мотиватор и животен тренер. Промоцијата е во организација на ЈОУБ „Искра“ – Кочани со поддршка на Ротари клуб Кочани-Виница. Промоцијата ќе се одржи во Мултикултурниот центар – на вториот […]

Меѓународен ден на лицата со попреченост
Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, […]

Детска Патувачка Фолк Библиотека
Во Мултикултурниот центар, во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со Фолконика – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, едукација и иновации за деца и ООМУ „Ристо Јуруков“– Кочани, се реализираше проектот ДЕТСКА ПАТУВАЧКА ФОЛК БИБЛИОТЕКА – КОЧАНИ. Наши гости ни беа учениците од ООУ „Св. Кирил и методиј“, ООУ „Малина […]

Промоција на Книга од роднокраен автор, Славица Цветкова
Во Месецот на книгата, уште едно литературно остварување од нашиот роднокраен автор, Славица Цветкова. Повелете, 14 ноември, Вторник 17 часот.